Roblox Developer Ниво II • 10-14 Години • Премиум 1-на-1

Редовна цена 10 500 ден
Продажна цена 10 500 ден Редовна цена 12 000 ден

Индивидуален пристап. Напредни Roblox вештини.

Roblox Game Developer Ниво II – Премиум 1-на-1 е напреден индивидуален курс, во траење од 8 месеци, за деца од 10 до 14 години кои претходно ја завршиле програмата Roblox Game Developer Ниво I и сакаат да продолжат со својот развој, но во свое темпо.

Во овој курс, ученикот ја следи редовната Roblox Game Developer Ниво II програма, но наставата се одвива индивидуално, 1-на-1 со инструктор. Ова му овозможува на инструкторот целосно да го прилагоди темпото на работа според ученикот, внимателно да го следи неговиот напредок и да посвети онолку време колку што е потребно за секоја задача и проект.

Наместо да се дели вниманието помеѓу повеќе ученици, целиот час е посветен на едно дете. Инструкторот може веднаш да забележи каде ученикот има потешкотии, да даде дополнително објаснување или да воведе посложена задача кога ученикот е подготвен.

Во Ниво II, учениците го зацврстуваат и продлабочуваат своето досегашно знаење, додека работат на посложени игри, game mechanics и сопствени проекти. Индивидуалната настава им овозможува да напредуваат во свое темпо, да експериментираат со сопствени идеи и да посветат повеќе време на деловите од развојот на игри што најмногу ги интересираат.

Иста напредна програма. Еден ученик. Целосно внимание и индивидуално темпо.

  • Премиум индивидуална настава: 1 ученик
  • Формат: целосно онлајн (Zoom)
  • Часови: 90 минути, еднаш неделно
  • Предзнаење: Завршен Roblox Developer I – Ниво 1
Прескокни кон информации за производот

Клучни информации

Возраст: 10–14 години
Траење: 8 месеци
Формат: Целосно онлајн (Zoom)
Настава: 1 индивидуален час неделно
(4 часа месечно)
Времетраење на час: 90 минути
Број на ученици: 1 ученик
Предзнаење: завршен Roblox Developer I – Ниво 1

Плаќањето
може да се изврши на два начина:

  1. Месечна членарина – уплатата се врши на банкарска сметка, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец.
  2. Целосна уплата на курсот – при еднократна уплата на целиот курс, добивате 10% попуст.

Термините се договараат флексибилно со семејството, а доколку е потребно, можат да се прилагодуваат согласно обврските на ученикот.

За кого е наменет курсот?

Premium програмата е идеална за деца кои:

  • имаат 10–14 години;
  • претходно го имаат завршено Roblox Game Developer Ниво I;
  • сакаат да продолжат со своето Roblox и game development учење на напредно ниво;
  • сакаат индивидуална настава и целосно внимание од инструкторот;
  • сакаат да поставуваат прашања и да добиваат детални објаснувања;
  • сакаат да работат на посложени игри, game mechanics и проекти;
  • сакаат да го зацврстат и продлабочат своето знаење за програмирање и Roblox Studio;
  • покажуваат интерес за програмирање, технологија и game development;
  • сакаат да развиваат логичко и аналитичко размислување, креативност, самостојност и способност за решавање проблеми;
  • сакаат да учат во свое темпо и да добиваат директна поддршка и насоки од инструкторот;
  • сакаат да имаат повеќе простор за сопствени идеи, експериментирање и развивање на индивидуални проекти.

Предуслов: Завршено Roblox Game Developer Ниво I.

Програмата ги надградува основите стекнати во Ниво I и постепено го води ученикот кон самостојно креирање, тестирање и развивање на покомплексни Roblox игри и сопствен завршен проект

Технички предуслови

За следење на онлајн часовите, ученикот треба да има свој компјутер или лаптоп со стабилна интернет-конекција.

  • Оперативен систем: Windows 10/11 (64-bit) или macOS 10.13 или понова верзија (Linux не е поддржан од Roblox Studio)
  • Меморија (RAM): најмалку 1 GB
  • Интернет: стабилна врска, препорачано 4–8 Mbps или повеќе

На компјутерот ќе се користи Roblox Studio за креирање игри и Zoom за одржување на онлајн часовите.

За дополнителни информации и детални системски барања, погледнете ја официјалната страница на Roblox.

Индивидуално внимание и поддршка

Секој ученик има различно предзнаење, начин на размислување и темпо на учење.

Во Премиум 1-на-1 програмата, ученикот не мора да се прилагодува на темпото на групата. Целиот час е посветен на него, па инструкторот може внимателно да го следи неговото разбирање, да даде дополнително објаснување кога е потребно и да му помогне да ги надмине конкретните потешкотии.

Доколку ученикот има потреба од повеќе време за одредена тема, инструкторот може да посвети дополнително внимание на нејзиното разбирање. Доколку, пак, ученикот успешно ги совладува задачите, може да добие дополнителни предизвици и простор за подлабока работа во рамките на програмата.

На овој начин, редовната наставна програма останува иста, но начинот на кој ученикот ја следи е поддржан со индивидуално внимание, директна комуникација и помош при секој чекор.

Премиум предности

Со Премиум 1-на-1 програмата ученикот добива:

  • ✔️ 100% внимание од инструкторот
  • ✔️ Настава прилагодена на неговото темпо
  • ✔️ Побрз напредок и подлабоко разбирање на материјалот
  • ✔️ Детален feedback по секој час
  • ✔️ Флексибилни термини
  • ✔️ Максимална поддршка во текот на целата програма

Игри што ќе ги креира

Во текот на курсот, ученикот ќе изработува Roblox игри од различни жанрови и покомплексни механики:

  • Simulator игри;
  • Puzzle игри;
  • Adventure игри;
  • Multiplayer / Team игри;
  • сопствени креативни проекти.

Секоја игра е практичен проект преку кој ученикот го зацврстува и продлабочува своето знаење , додека учи како да креира сè покомплексни и поинтерактивни Roblox игри.

Домашни задачи и дополнителна поддршка

По секој час ученикот добива индивидуална домашна задача која директно се надоврзува на неговиот проект.

Секоја задача е прилагодена на неговото моментално знаење и цели, со што се обезбедува континуиран напредок.

Во текот на целата програма ученикот добива:

  • индивидуален feedback по секој час;
  • насоки за подобрување;
  • помош при решавање на проблеми и задачи;
  • поддршка при работа на домашните задачи;
  • пристап до снимките од часовите, за полесно повторување на материјалот и индивидуална работа;
  • можност за поставување прашања помеѓу часовите во приватна група на WhatsApp.

Повеќе од програмирање

Во Ниво II, ученикот не ги развива само своите програмерски вештини, туку учи да презема поголема одговорност за целиот процес на развој на играта:

  • самостојно осмислување и развивање на идеи за игри;
  • планирање и организирање на поголеми и покомплексни проекти;
  • поврзување на различни знаења и game mechanics во една функционална игра;
  • анализа на проблеми и самостојно пронаоѓање решенија;
  • тестирање, debugging и подобрување на сопствениот код;
  • размислување како играч и донесување одлуки со цел играта да биде поинтересна и подобро дизајнирана;
  • развивање на истрајност, критичко размислување и внимание кон детали;
  • самостојно донесување одлуки во текот на развојот на проектот;
  • презентирање и објаснување на сопствените решенија и финален проект;
  • запознавање со начинот на кој Roblox игрите можат да се развиваат како вистински дигитални производи, вклучувајќи основи на нивна монетизација.

На овој начин, ученикот постепено преминува од следење на инструкции кон самостојно размислување, донесување одлуки и развивање на сопствени идеи како млад game developer.

Завршен проект и сертификат

Последниот месец од курсот е посветен на самостоен завршен проект, преку кој ученикот ги применува, поврзува и надградува знаењата и вештините стекнати во текот на Ниво II.

Ученикот:

  • избира сопствена идеја за покомплексна Roblox игра;
  • го планира проектот и го развива од почеток до крај, со поддршка и насоки од инструкторот;
  • самостојно ги применува и поврзува научените програмерски и game development концепти;
  • развива сопствени game mechanics и функционалности;
  • ја тестира играта, ги идентификува и отстранува грешките и прави потребни подобрувања;
  • ја финализира и подготвува играта за презентација;
  • го презентира својот завршен проект пред инструкторот и родителите.

Завршниот проект претставува можност ученикот да покаже колку напредувал, колку е самостоен во својата работа и како ги применува стекнатите знаења во создавање на сопствена игра.

По успешно завршување на курсот, ученикот добива:

Сертификат за успешно завршен Roblox Game Developer Ниво II – Премиум 1-на-1 курс.

Зошто да изберете Премиум 1-на-1?



  • Целосен фокус на еден ученик

    На секој час, целото внимание на наставникот е насочено кон еден ученик, со повеќе простор за прашања, објаснувања и индивидуална поддршка.

  • Учиме од каде било + снимени часови

    Часовите се целосно онлајн, преку Zoom - потребни се само лаптоп или компјутер и стабилна интернет-конекција. Секој час се снима, па ученикот може повторно да го погледне материјалот и да го повтори кога ќе му биде потребно.

  • Иста програма, повеќе персонализација

    Ученикот ја следи истата програма, но учењето се прилагодува на неговото предзнаење, интереси и идеи. Неговите интереси можат да бидат вклучени во задачите и проектите.

  • Учиме со свое темпо

    Нема потреба ученикот да го следи темпото на групата. Се задржуваме подолго на темите кои му се потешки или продолжуваме со нови предизвици кога е подготвен.

  • Индивидуален пристап, без притисок

    Ученикот има простор слободно да прашува, да пробува и да учи на начин кој најмногу му одговара, со целосното внимание и поддршка од наставникот.

  • Дополнителна поддршка во цената

    Учениците имаат пристап до група за комуникација за прашања и помош надвор од часот, а во цената е вклучен и еден бесплатен дополнителен индивидуален час секој месец, по договор.

Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
УПИСИ

Подготвени сте за следниот чекор?

Резервирајте место и кажете ни кој термин и формат најмногу ви одговараат.

Резервирај место