Не ги учиме децата само како да програмираат. Ги учиме како да размислуваат.
Ние во Едукативен центар Code Mode, сме тим од софтверски инженери и едукатори кои веруваат дека технологијата треба да биде алатка што му помага на детето да создава, решава проблеми и да ги претвора своите идеи во нешто реално.
Не мора секое дете да стане програмер.
Но, секое дете може да научи да размислува логично, да поставува прашања, да бара решенија и да се снаоѓа во нови ситуации.
Вештини што се трајни.
Логичко размислување
Ученикот учи како еден сложен проблем да го подели на помали, разбирливи делови и постепено, во мали чекори да стигне до решение.
Способност за решавање проблеми
Наместо веднаш да бара готово решение, учи да размислува, експериментира, да прави грешки и да се обидува одново и одново да го реши предизвикот, победувајќи ја фрустрацијата.
Креативност
Технологијата ја користи како алатка со која може да ги претвори своите идеи во конкретни проекти.
Самостојност
Учи како да планира, да носи одлуки и да презема одговорност за своите одлуки, исходот и својот проект.
Комуникација и тимска работа
Работата со други ученици му помага да споделува идеи, да слуша, да соработува и да го презентира своето решение.
Самодоверба
Со секој нов проблем што ќе го реши, стекнува поголема сигурност во сопствената способност да научи и создаде нешто ново.
Учиме како да ја користиме технологијата, во наша полза.
Живееме во време во кое технологијата е дел од секојдневието. Затоа сакаме децата да ја разбираат и да знаат како свесно да ја користат за да создаваат, истражуваат и решаваат проблеми — а не само да бидат нејзини пасивни консумери.
Основи што можат да се применат каде било.
Во нашите курсеви учениците ги учат основите на програмирањето: променливи, услови, циклуси и функции; но и како чекор по чекор да најдат решение за некој проблем и како истото да го претворат во код.
Овие концепти не се врзани само за еден програмски јазик. Тие претставуваат основа која подоцна може да се примени во различни програмски јазици и технологии.
Од училницата до реалниот живот.
Кога детето еднаш ќе научи како да размислува, планира и решава проблеми, овие вештини не остануваат само дел од еден курс и од една училница. Тие стануваат дел од начинот на кој пристапува кон сите нови предизвици во животот — без разлика дали станува збор за програмирање, училишен предмет или секојдневна ситуација.