Roblox Developer Ниво II • 10-14 Години • Група

Редовна цена 4 000 ден
Продажна цена 4 000 ден Редовна цена 4 500 ден

Следно ниво од Roblox Developer патувањето!

Roblox Game Developer Ниво II е напредна програма наменета за деца од 10–14 години кои претходно ја завршиле програмата Roblox Game Developer Ниво I и ги совладале основите на моделирањето во Roblox Studio и програмирањето во Lua.

Ова ниво е природно продолжение на Ниво I, каде што учениците го зацврстуваат и продлабочуваат своето знаење на основите, а потоа го применуваат во создавање на посложени и поинтерактивни игри.

  • Група: 3-5 ученици
  • Формат: целосно онлајн (Zoom)
  • Часови: 90 минути, еднаш неделно
  • Предзнаење: завршен Roblox Developer I – Ниво 1
Прескокни кон информации за производот

Клучни информации

Возраст: 10-14 години
Траење: 8 месеци
Формат: Целосно онлајн (Zoom)
Часови: 1 час неделно
Времетраење на час: 90 минути
Групи: 3–5 ученици
Предзнаење: претходно завршен курс: Roblox Developer I - Ниво 1

Плаќањето може да се изврши на два начина:

  1. Месечна членарина – уплатата се врши на банкарска сметка, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец.
  2. Целосна уплата на курсот – при еднократна уплата на целиот курс, добивате 10% попуст.

За кого е наменет курсот?

Курсот е идеален за деца кои:

  • имаат 10–14 години;
  • веќе го имаат завршено курсот Roblox Game Developer – Ниво I;
  • сакаат да продолжат со развивање на своите Roblox вештини;
  • сакаат да создаваат посложени и поинтерактивни игри;
  • сакаат да го продлабочат и зацврстат своето знаење во програмирање и game development;
  • уживаат во решавање проблеми и осмислување сопствени game mechanics;
  • сакаат да научат како се развиваат поголеми проекти и да стекнат искуство со тимска работа.

Предуслов: Завршено Roblox Game Developer – Ниво I.

Курсот ги надградува знаењата стекнати во Ниво I и постепено ги води учениците кон создавање на покомплексни Roblox игри, преку понапредни проекти, нови предизвици и практична примена на наученото.

Технички предуслови

За следење на онлајн часовите, секој ученик треба да има свој компјутер или лаптоп со стабилна интернет-конекција.

  • Оперативен систем: Windows 10/11 (64-bit) или macOS 10.13 или понова верзија (Linux не е поддржан од Roblox Studio)
  • Меморија (RAM): најмалку 1 GB
  • Интернет: стабилна врска, препорачано 4–8 Mbps или повеќе

На компјутерот ќе се користи Roblox Studio за креирање игри и Zoom за одржување на онлајн часовите.

За дополнителни информации и детални системски барања, погледнете ја официјалната страница на Roblox.

Како се одржува наставата?

Наставата се одржува:

  • целосно онлајн преку Zoom;
  • еднаш неделно;
  • 4 часа месечно;
  • 90 минути по час.

Учениците работат во мали групи од:

3–5 ученици

Малите групи овозможуваат:

  • индивидуално внимание;
  • подобра комуникација;
  • следење на напредокот на секое дете;
  • доволно време за прашања и помош.

Домашни задачи и дополнителна поддршка

После секој час, на ист принцип како во Ниво 1, учениците добиваат домашна задача која најчесто претставува продолжување на проектот започнат на час.

Домашните задачи помагаат детето:

  • да вежба самостојно;
  • да го надградува проектот;
  • подобро да ги разбере новите концепти.

Доколку ученикот има потреба од дополнителна помош, во цената на курсот е вклучен и бесплатен месечен индивидуален час за дополнителни објаснувања или поддршка.

Игра што навистина ќе биде нивна

Во текот на целиот курс, учениците продолжуваат да работат на свои Roblox игри, кои постепено ги надградуваат со нови идеи, механики и функционалности.

Како и во Ниво I, завршените игри можат да бидат објавени на Roblox платформата, за учениците да можат да ги споделат и да ги играат со своето семејство и пријателите.

Новина во Ниво II е што учениците ќе имаат можност да работат и на тимски проекти, развивајќи игри заедно со другите ученици во групата. Така, покрај индивидуалните проекти, ќе стекнат и практично искуство во соработка, споделување идеи и заедничко градење на една игра.

Какви игри ќе креираат?

Во текот на курсот, учениците ќе изработуваат Roblox игри од различни жанрови и покомплексни механики:

  • Simulator игри;
  • Puzzle игри;
  • Adventure игри;
  • Multiplayer / Team игри;
  • сопствени креативни проекти.

Секоја игра е практичен проект преку кој учениците ги зацврстуваат и продлабочуваат своите досегашни знаења, додека учат како да креираат сè покомплексни и поинтерактивни Roblox игри.

Повеќе од програмирање

Покрај техничките знаења, учениците во Ниво II дополнително развиваат:

  • логичко и аналитичко размислување;
  • креативност и самостојност;
  • способност за решавање посложени проблеми;
  • истрајност и внимание на детали;
  • комуникација и тимска работа;
  • способност за споделување идеи и преземање одговорност во тим;
  • презентирање и објаснување на сопствените идеи и проекти.

Ќе стекнат и практично искуство со процесот на развивање на игра, преку:

  • осмислување и планирање на проект;
  • поделба на задачи и работа во тим;
  • развивање на проект во фази;
  • тестирање и debugging;
  • идентификување и решавање проблеми;
  • подобрување и надградување на игрите;
  • презентирање на финалниот проект.

Завршен проект и сертификат

Последниот месец од курсот е посветен на самостоен завршен проект, во кој ученикот го применува и зацврстува знаењето и вештините стекнати во текот на курсот.

Ученикот:

  • избира и развива своја идеја за Roblox игра;
  • го планира проектот и го развива со поддршка од инструкторот;
  • применува и надградува научени програмерски и game development концепти;
  • креира и поврзува различни game mechanics;
  • ја тестира играта, пронаоѓа и отстранува грешки;
  • ја подобрува играта врз основа на тестирањето и добиените повратни информации;
  • го презентира својот финален проект пред групата.

На крајот, ученикот има своја целосно развиена и објавена Roblox игра како резултат на своето учење и работа во текот на курсот.

По успешно завршување на курсот, ученикот добива:

Сертификат за успешно завршен Roblox Game Developer Ниво II курс.

Зошто да учиме заедно?



  • Мали групи, повеќе внимание

    Работиме во групи од само 3–5 ученици, за секое дете да има простор да поставува прашања, да добие помош и да напредува во свое темпо.

  • Учиме од каде било

    Часовите се целосно онлајн, преку Zoom. Нема патување, нема возење до одредена локација - потребни се само лаптоп или компјутер и стабилна интернет-конекција.

  • Практична работа

    Учениците не следат само лекции - тие создаваат свои игри, решаваат проблеми и ги претвораат сопствените идеи во реални проекти.

  • Снимени часови

    Секој час се снима и останува достапен за учениците. Така, можат повторно да ги погледнат објаснувањата, да повторат одредена лекција или полесно да надополнат пропуштен час.

  • Поддршка и надвор од часот

    Учениците имаат пристап до група за комуникација каде што можат да побараат помош со домашните задачи, да постават прашања и да добијат важни известувања поврзани со часовите.

  • Дополнителна индивидуална поддршка

    Секој месец нудиме еден бесплатен индивидуален час, по договор, доколку на ученикот му е потребна дополнителна помош со материјалот, домашната задача или надополнување на пропуштен час.

Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
УПИСИ

Подготвени сте за следниот чекор?

Резервирајте место и кажете ни кој термин и формат најмногу ви одговараат.

Резервирај место