Roblox Developer Ниво I • 8–9 Години • Премиум 1-на-1 • Англиски

Редовна цена 7 500 ден
Продажна цена 7 500 ден Редовна цена 9 000 ден
Побрзајте! Првите групи почнуваат за:
00 Дена
00 Часови
00 Минути
00 Секунди

Индивидуална настава, на англиски и целосно прилагодена на ученикот

Roblox Developer Ниво I – Премиум 1-на-1 е 8-месечен онлајн курс за деца од 8 до 9 години кои сакаат да ги направат своите први чекори во програмирањето и да научат како се создаваат Roblox игри.

Програмата ја следи истата методологија и наставна програма како редовниот курс, но наставата се одвива 1-на-1 – само ученикот и инструкторот, целосно на англиски јазик. Овој формат му овозможува на инструкторот целосно да се посвети на ученикот, да го прилагоди темпото според неговото знаење и потреби, да одговори на сите негови прашања и да посвети дополнително внимание на концептите со кои му е потребна поголема поддршка.

Преку практична работа во Roblox Studio, ученикот постепено ги запознава основите на програмирањето, game development и логичкото размислување, додека уште од почетокот работи на сопствени Roblox проекти. Бидејќи целата комуникација се одвива на англиски, ученикот природно се запознава и со техничката терминологија и изразите што се користат во програмирањето и развојот на игри.

Дополнителна предност на индивидуалната настава е можноста инструкторот да го приспособи времето посветено на секој концепт според ученикот, а доколку тој напредува побрзо, да воведе и дополнителни предизвици и теми.

Истата проверена програма, со целосно индивидуално внимание и настава на англиски јазик.

  • Премиум индивидуална настава: 1 ученик
  • Формат: целосно онлајн (Zoom)
  • Часови: 60 минути, еднаш неделно
  • Јазик: македонски
Прескокни кон информации за производот

Клучни информации

Возраст: 8–9 години
Траење: 8 месеци
Формат: Целосно онлајн (Zoom)
Настава: 1 индивидуален час неделно
(4 часа месечно)
Времетраење на час: 60 минути
Број на ученици: 1 ученик
Предзнаење: Не е потребно претходно знаење на програмирање; напредно познавање на англиски јазик

Плаќањето
може да се изврши на два начина:

  1. Месечна членарина – уплатата се врши на банкарска сметка, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец.
  2. Целосна уплата на курсот – при еднократна уплата на целиот курс, добивате 10% попуст.

Термините се договараат флексибилно со семејството, а доколку е потребно, можат да се прилагодуваат согласно обврските на ученикот.

За кого е наменет курсот?

Premium програмата е идеална за деца кои:

  • имаат 8–9 години;
  • сакаат Roblox и видео игри;
  • се љубопитни како се создаваат игрите што ги играат;
  • сакаат да креираат свои Roblox игри;
  • сакаат индивидуално внимание од инструкторот;
  • имаат многу прашања и сакаат работите да им бидат објаснети на едноставен и разбирлив начин;
  • сакаат да учат преку практична работа и креативни проекти;
  • сакаат постепено да ги развиваат своето логичко размислување и вештини за решавање проблеми;
  • сакаат да изградат добра основа во програмирањето уште од рана возраст;
  • сакаат да учат и комуницираат на англиски јазик;
  • сакаат да се дружат и соработуваат со врсници од различни националности и средини.

Не е потребно претходно искуство со програмирање. Потребно е напредно познавање на англиски јазик, бидејќи наставата, комуникацијата и работата се одвива на англиски.

Програмата започнува од основите и преку практична работа постепено го води ученикот кон разбирање на основните програмерски концепти и создавање на сопствени Roblox игри.

Технички предуслови

За следење на онлајн часовите, ученикот треба да има свој компјутер или лаптоп со стабилна интернет-конекција.

  • Оперативен систем: Windows 10/11 (64-bit) или macOS 10.13 или понова верзија (Linux не е поддржан од Roblox Studio)
  • Меморија (RAM): најмалку 1 GB
  • Интернет: стабилна врска, препорачано 4–8 Mbps или повеќе

На компјутерот ќе се користи Roblox Studio за креирање игри и Zoom за одржување на онлајн часовите.

За дополнителни информации и детални системски барања, погледнете ја официјалната страница на Roblox.

Пожелни дигитални вештини

Пожелно, но не задолжително, е детето да знае:

  • користење глувче и тастатура;
  • отворање и затворање прозорци;
  • Copy / Paste;
  • зачувување датотеки;
  • префрлување помеѓу програми;
  • приклучување на Zoom состанок.

Доколку ученикот сè уште не ги владее овие вештини, инструкторот ќе му помогне постепено да ги совлада уште во првите часови.

Индивидуално внимание и поддршка

Секое дете учи со различно темпо.

Во Премиум програмата нема потреба ученикот да го следи темпото на групата. Доколку некоја тема бара повеќе време, се работи детално додека целосно не се совлада. Доколку ученикот напредува побрзо, наставата продолжува со понапредни концепти и дополнителни предизвици.

На овој начин се обезбедува максимален напредок без притисок и без ограничувања.

Премиум предности

Со Премиум 1-на-1 програмата ученикот добива:

  • ✔️ 100% внимание од инструкторот
  • ✔️ Настава прилагодена на неговото темпо
  • ✔️ Побрз напредок и подлабоко разбирање на материјалот
  • ✔️ Детален фидбек по секој час
  • ✔️ Флексибилни термини
  • ✔️ Максимална поддршка во текот на целата програма

Што ќе научи ученикот?

Во текот на курсот ученикот постепено ќе ги совладува:

  • основите на програмскиот јазик Lua;
  • променливи, функции, услови и циклуси;
  • читање, разбирање и основно менување на готов код и скрипти;
  • користење на Roblox Studio, моделирање и работа во 3D простор;
  • креирање основни интерактивни механики;
  • работа со NPC карактери и основи на анимации;
  • основи на монетизација во Roblox;
  • тестирање и пронаоѓање грешки во играта;
  • планирање и постепено развивање сопствен проект;
  • основи на добри програмерски практики и логичко размислување.

Бидејќи наставата е индивидуална, инструкторот може да посвети повеќе време на секој концепт, да одговори на сите прашања и да воведе дополнителни теми доколку ученикот напредува побрзо.

Домашни задачи и дополнителна поддршка

По секој час ученикот добива индивидуална домашна задача која директно се надоврзува на неговиот проект.

Секоја задача е прилагодена на неговото моментално знаење и цели, со што се обезбедува континуиран напредок.

Во текот на целата програма ученикот добива:

  • индивидуален feedback по секој час;
  • насоки за подобрување;
  • помош при решавање на проблеми и задачи;
  • поддршка при работа на домашните задачи;
  • пристап до снимките од часовите, за полесно повторување на материјалот и индивидуална работа;
  • можност за поставување прашања помеѓу часовите во приватна група на WhatsApp.

Игри што ќе ги креира

Во текот на програмата ученикот ќе развива повеќе Roblox игри од различни жанрови:

  • Obby;
  • Adventure;
  • Racing games;
  • игри со сопствени механики;
  • креативни проекти според неговите интереси.

Една од најголемите предности на Premium програмата е што проектите можат делумно да се прилагодат на интересите на детето, без да се нарушат целите на курсот.

Повеќе од програмирање

Покрај техничките вештини, ученикот постепено учи и како функционира вистинскиот процес на развој на софтвер:

  • планирање на проект;
  • организирање на работа;
  • тестирање;
  • дебагирање;
  • решавање проблеми;
  • оптимизација на игра;
  • презентирање на сопствен проект;
  • основи на монетизација и заработка преку Roblox.

Завршен проект и сертификат

Последниот месец од курсот е посветен на самостоен завршен проект, во кој ученикот ги применува знаењата и вештините стекнати во текот на програмата.

Ученикот:

  • избира сопствена идеја за игра;
  • го планира и развива проектот од почеток, со поддршка и насоки од инструкторот;
  • самостојно применува научени концепти;
  • ја тестира играта, пронаоѓа грешки и прави потребни подобрувања;
  • го презентира својот финален проект пред инструкторот и родителите.

По успешно завршување на курсот, ученикот добива:

Сертификат за успешно завршен Roblox Developer Ниво I – Premium 1-на-1 курс на англиски јазик.

Зошто да изберете Премиум 1-на-1?



  • Целосен фокус на еден ученик

    На секој час, целото внимание на наставникот е насочено кон еден ученик, со повеќе простор за прашања, објаснувања и индивидуална поддршка.

  • Учиме од каде било + снимени часови

    Часовите се целосно онлајн, преку Zoom - потребни се само лаптоп или компјутер и стабилна интернет-конекција. Секој час се снима, па ученикот може повторно да го погледне материјалот и да го повтори кога ќе му биде потребно.

  • Иста програма, повеќе персонализација

    Ученикот ја следи истата програма, но учењето се прилагодува на неговото предзнаење, интереси и идеи. Неговите интереси можат да бидат вклучени во задачите и проектите.

  • Учиме со свое темпо

    Нема потреба ученикот да го следи темпото на групата. Се задржуваме подолго на темите кои му се потешки или продолжуваме со нови предизвици кога е подготвен.

  • Индивидуален пристап, без притисок

    Ученикот има простор слободно да прашува, да пробува и да учи на начин кој најмногу му одговара, со целосното внимание и поддршка од наставникот.

  • Дополнителна поддршка во цената

    Учениците имаат пристап до група за комуникација за прашања и помош надвор од часот, а во цената е вклучен и еден бесплатен дополнителен индивидуален час секој месец, по договор.

Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer I ниво | Ограничени места
Првите Code Mode групи започнуваат во октомври | 10% попуст за целосна уплата на Roblox Developer – I ниво | Ограничени места
УПИСИ

Подготвени сте за следниот чекор?

Резервирајте место и кажете ни кој термин и формат најмногу ви одговараат.

Резервирај место