Последно ажурирање: 20.08.2026
За Едукативен центар Code Mode
Едукативниот центар Code Mode е бренд зад кој работи правното лице со полн назив: Здружение за едукација од областа на информатиката КОД МОД Скопје, регистрирано во Република Северна Македонија.
Во понатамошниот текст, за полесно читање, го користиме називот Code Mode.
Кои податоци ги собираме?
Во зависност од услугата, може да собираме податоци потребни за пријавување, комуникација и организација на курсевите, како што се:
- име и презиме на родителот или законскиот старател;
- име и презиме на ученикот;
- возраст на ученикот;
- телефонски број и еmail;
- избран курс и формат на настава;
- преферирани денови и термини;
- информации за претходно знаење или искуство со програмирање;
- други информации кои доброволно ги доставувате.
Ги собираме само податоците кои се потребни за организирање и реализација на нашите курсеви и обуки.
За што ги користиме податоците?
Податоците ги користиме за:
- обработка на пријави и уписи;
- комуникација со родители и законски старатели;
- формирање групи и организација на распоредот;
- реализација на онлајн наставата;
- административни и финансиски обврски;
- организација и подобрување на нашите услуги;
- исполнување на законски обврски.
Кои податоци ги собираме?
Онлајн наставата се одржува преку Zoom.
Сите часови се снимаат со цел учениците да можат повторно да го разгледаат материјалот, полесно да го совладаат наученото и да ги користат снимките како помош при изработка на домашните задачи.
Снимките се споделуваат само со учениците и родителите или законските старатели на учениците кои се дел од конкретната група, како и со овластените едукатори на Code Mode.
Снимките не смеат да се споделуваат, проследуваат или објавуваат со или на трети лица кои не се дел од соодветната група.
Снимките се чуваат во текот на курсот за конкретната група, по што се бришат.
Снимките не се користат за маркетинг или јавно објавување без соодветна согласност
Снимките се споделуваат само со учениците од групата во која е одржан часот.
Снимките не се користат за маркетинг или јавно објавување без соодветна согласност.
Споделување на податоците
Code Mode не ги продава или изнајмува вашите лични податоци.
Податоците може да бидат споделени кога тоа е потребно за реализација на услугите, со доверливи даватели на услуги како платформи за онлајн настава, еmail и сметководствени услуги, или кога тоа е потребно согласно закон.
Како ги заштитуваме и чуваме податоците?
Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци и ограничување на пристапот до нив.
Личните податоци ги чуваме онолку долго колку што е потребно за целите за кои се собрани или колку што налагаат нашите законски обврски.
Вашите права
Во однос на обработката на личните податоци, согласно применливото законодавство, имате право:
- да бидете информирани за тоа како и зошто се обработуваат вашите лични податоци;
- да побарате пристап до личните податоци што ги обработуваме;
- да побарате исправка на неточни или нецелосни податоци;
- да побарате бришење на личните податоци, кога за тоа постојат законски услови;
- да побарате ограничување или престанок на обработката, кога тоа е применливо;
- да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци.
За дополнителни информации или за остварување на вашите права, можете да нè контактирате на: codemode.educationalcenter@gmail.com.
Измени на Политиката за приватност
Code Mode може повремено да ја ажурира оваа Политика за приватност доколку има промени во начинот на работа, услугите или применливото законодавство.
Сите измени ќе бидат објавени на оваа страница со наведување на датумот на последното ажурирање.
Контакт
За сите прашања поврзани со приватноста и обработката на личните податоци можете да нè контактирате.